Библиотеката ,,Тане Георгиевски" во Куманово е снабдена со сите лектири и стручна литература и подготвено ги чека читателите на стартот на нова школска година.
Снабдена со сите книги за лектира за основците и средношколците, стручна и периодична литература за останатите корисници, Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, на почетокот на учебната и академската година подготвено ги дочека своите корисници. Повеќе од половина година реновиран, естетски, функционално и современо опремен простор располага и со голем фонд на книги, вели директорката Нада Ивановска, а во тек се уписи на новите и обновување на членарината на читателите.
За почеток според Ивановска:
„Најмногу има ученици од основните и од средните училишта, кои зафаќаат и најголем процент од нашите корисници, како и студентите кои користат стручна литература. Не изостануваат ниту редовните членови кои бараат книги за разонода.“
Колку се корисниците на вашите книги кои имаат најдолг стаж и кои библиотеката ја сметаат за свој втор дом?
„Најдолг стаж во нашата библиотека имаат околу 700 до 800 читатели кои од најмала возраст, па се до ден-денес користат книги и друга библиотечни материјали, службени весници, периодична литература. Тоа е и за нив и за нас задоволство,оти се редовни посетители на овој храм на културата.“
Вели Ивановска и додава дека библиотеката обезбедила нови книги од сите области, со што вкупниот книжен фонд изнесува 180 илјади книги, меѓу кои книга има за секого. А во реновираната и современо опремената библиотека подобрени се и условите за читателите.
„Има доволно литература и книги од сите области, стручна и преведена од странски автори што како проект на Владата на РМ се донирани во библиотеката и нашите корисници можат да ги користат.“
Во читалната на библиотеката корисниците имаат пристап и до интернет услугите.
За почеток според Ивановска:
„Најмногу има ученици од основните и од средните училишта, кои зафаќаат и најголем процент од нашите корисници, како и студентите
Најмногу има ученици од основните и од средните училишта, кои зафаќаат и најголем процент од нашите корисници, како и студентите кои користат стручна литература. Не изостануваат ниту редовните членови кои бараат книги за разонода