Груевски не знае дали ќе оди во Њујорк

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Груевски вели дека не е сигурен дали ќе оди во Њујорк, но очекува доколку има средба таа да биде суштинска.
Премиерот Никола Груевски не знае со сигурност дали ќе патува за Њујорк на само неколку денови пред одржувањето на средбите, посветени на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Премирот не е сигурен ни дали ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, доколку отиде за Њујорк. Но, во секој случај ако има средба Груевски очекува таа да биде суштинска и да се постигне напредок во решавање на спорот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Премиерот Никола Груевски за името


И ние се надеваме дека можеби ќе има некаков напредок затоа што го посакуваме, затоа што правиме се што можеме во тој дел. Се разбира тој напредок неможе да биде таков што би ни направил нас некоја огромна штета

,,И ние се надеваме дека можеби ќе има некаков напредок затоа што го посакуваме, затоа што правиме се што можеме во тој дел. Се разбира тој напредок неможе да биде таков што би ни направил нас некоја огромна штета, а другата страна ќе слави, тоа мора да биде компромис што би бил прифатен од граѓаните на Р Македонија, со други зборови ќе значи дека тој нема да направи крупна штета на државните и националните интереси и ние даваме максимум за да се дојде до такво решение што би им се понудило на разгледување на граѓаните."

Конечната одлука за патувањето и за средбите,од Кабинетот на Премиерот треба да ја донесат во текот на следната недела. Премиерот Груевски во вчерашната изјава на евроамбасадорот Ерван Фуере не гледа демант на ставовите искажани од претседателот Ѓорѓи Иванов дека Македонија во 1995-та пропуштила шанса за влез во ЕУ.

,,Изјавата на Фуере видов дека одредени медиуми, а и денеска СДСМ на прес конференција кажа, дека тој мене ме демантирал, а јас не гледам во што ме демантира бидејќи јас вчера кажав нешто што го кажав и денеска дека Република Македонија пропушти сериозни шанси во 90-тите години во делот на развој на државата и побрзо приклучување кон ЕУ."
Изјавата на Фуере видов дека одредени медиуми, а и денеска СДСМ на прес конференција кажа, дека тој мене ме демантирал, а јас не гледам во што ме демантира


Фуере вчера изјави дека секој што сугерира дека таква опција постоела во 1995 година навистина ја користи имагинацијата. Тој изјави дека целата дебата е трошење на време, и дека наместо на тоа, фокусот треба да се стави на иднината.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски изјави дека не знае дали во 1995-та од страна на ЕУ и било нешто понудена на Македонија.

,,Јас незнам дали во 1995 година и било нешто понудено на Македонија, тоа најдобро можат да го кажат оние што во 95-тата ја предводеа државата и тие политичари можат најдобро да кажат колку тие во тој период направиле за европската интерграција на Македонија."

На 19-ти овој месец во Њујорк претседателот Ѓорѓе Иванов ќе има средба со медијаторот Метју Нимиц посветена на решавање на спорот за името меѓу Макеоднија и Грција.