Франускиот Сенат ќе гласа за забрана на носење фереџе во јавност

Францускиот Сенат денеска ќе гласа за законот со кој се забранува носење фереџе на јавни места. За овој закон веке позитивно се изјасни Парламентот. За жените кои ке носат фереџе на улица во Франција казните се 150 евра, а мажите кои ги присилуваат нивните жени и ќерки да носат фереџе ќе платат казна до 30 илјади евра. За едни овој закон е заштита на секуларните вредности на Франција а за други повреда на граѓанските права.