САД се новите светски кошаркарски шампиони

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави е новиот светски правак, откако во финалето го совлада домаќинот Турција со 81-64 во Истамбул. Тоа е првата светска титула за земјата по 16 години. Третото место на шампионатот и бронзениот медал го освои Литванија по победата над Србија со 99-88.