Продлабочување на врските ЕУ-Турција?

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска разговараа за продлабочување на врските меѓу Унијата и Турција. Претставникот за зедничка надворешна политика на Унијата, Кетрин Ештон вели дека се разговарало за тоа како да се обезбеди ефективен дијалог меѓу двете страни. ЕУ сака заеднички со Турција да работи на прашања поврзани со Блискиот Исток, иранската нуклеарна програма или Босна, каде што Анкара има силно влијание. Сепак, Германија и Франција се противат на идејата да и се даде поголем ангажман на Турција.