Демонстрации против палење на Куранот

Властите во провинцијата Логар во Авганистан соопштија дека демонстрантите кои протестираат против најавата дека во Соединетите држави ќе бидат палени примероци на Куранот запалиле неколку полициски контролни пунктови и продавници. Полицајците испукале предупредувачки истрели во воздух за да ги спречат демонстрантите да влезат во куќата на гувернерот на провинцијата. Лидерот на малата христијанска црква во Флорида вчера изјави дека го одлага палењето примероци на Куранот што требаше да се случи денеска на годишнината од терористичките напади врз Соединетите држави.