Во Охрид собир на млади од Југоисточна Европа

На дводневната конвенција, што денеска почнува во Охрид, а на која ќе учествуваат претставници на 12 земји од Југоисточна Европа, според најавите, треба да биде промовирана идејата за формирање на Совет на млади во регионот. Kонвенцијата се одржува по повод претседавањето на Македонија со Советот на министри во Советот на Европа.