Денеска се одбележува деветата годишнина од терористичките напади врз Соединетите држави.
Со комеморации во Граунд Зиро, местото на поранешниот Светски трговски центар во Њујорк, каде што оперативници на Ал Каеда насочија два авиона во двата облакодера на Центарот, како и во Пентагон кој исто така беше цел на терористите Соединетите држави ја одбележуваат деветата годишнина од терористичките напади во кои загинаа околу 3 илјади луѓе.
Годишнината се одбележува во момент кога во Соединетите држави расте антиисламското расположение, делумно и поради плановите да се изгради џамија на местото на поранешниот Светски трговски центар.
Тоа доведе и до најави на една мала христијанска црква во Флорида да запали примероци на Куранот што пак предизвика протести на муслиманите во светот.
Претседателот Барак Обама вчера побара од американците да го почитуваат правото на верска слобода и да не се вртат едни против други:
,,Ќе сторам се што можам, додека сум претседател на Соединетите држави, да ги потсетувам американците дека се една нација под Бога. Ние господ го нарекуваме со различни имиња, но остануваме еден народ.,,
Изјави претседателот Барак Обама.
Ќе сторам се што можам, додека сум претседател на Соединетите држави, да ги потсетувам американците дека се една нација под Бога. Ние господ го нарекуваме со разалични имиња, но остануваме еден народ