ОН: Резолуција за Косово

За Белград Косово останува отворено прашање а Приштина е задоволна што нема да има разговри за статусот на Косово. Ова се реакциите откако синоќа Генералното собрание на Обединетите Нации без гласање ја усвои предлог резолуцијата на Србија за Косово. Оваа резолуција е подржана од Европската Унија со која Србија го усогласи и го ублажи текстот пред да му ја достави на Генералното собрание на Обединетите Нации на разгледување.
„Република Србија не ја признава и нема да ја признае унилатералната декларација за независност на Косово. Резолуцијата се прима со респект и признание на содржината на Меѓународниот суд за правда но и ја поздравува готовноста на Европската Унија за дијалог меѓу страните со цел да се обезбедат регионалната стабилност и стратегиските приоритети и да се подобри животот на граѓаните“.

Ова на Генералното Собрание на ОН го изјави шефот на Српската дипломатија Вук Јеремиќ. Тоа соодејствува со ставот на владата во Белград. Имено, истовремено кога Србија го прифати компромисниот предлог за ко авторска резолуција за Косово во Обединетите Нации, владата објави соопштение со кое се доведува во прашање постигнатиот договор меѓу Претседателот Борис Тадиќ и високиот преставник на ЕУ Кетрин Ештон.

Вук Јеремиќ


Всушност во резолуцијата усвоена синоќа никаде не се зборува за дијалог за решавање на косовското прашање туку за дијалог меѓу две страни. Српската влада тоа го толкува во насока дека со преговори ке се дошло до заемно прифатливо решение за статусот на Косово.
Официјална Приштина пак ја поздрави модифицираната резолуција и повтори дека во иднина нема да има разговори со Србија за статусот или за внатрешните прашања на Република Косово. Заменикот премиер на Косово Хајредин Кучи изјави

“Бевме убедени дека таа резолуција на Србија не би минала на Генералното Собрание на Обединетите Нации и дека ќе се почитува вољата на народот и на граѓаните како и мислењето на Меѓународниот суд за правда за легалноста на прогласување на независност на Косово.Ние ке разговараме за регионалната соработка, за европските интеграции но не и за статусот на Косово“.

рече Кучи. Резолуцијата имено е поднесена по оценката на Меѓународниот суд за правда за легалноста на едностраното прогласување на независност на Косово.