Ифтар вечера во владата

Премиерот Никола Груевски денеска приредува Ифтар вечера, по повод големиот муслимански верски празник Рамазан.
На Ифтар вечерата се поканети претседателот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, високи претставници на ИВЗ, пратеници и владини функционери.
Ифтар вечерата ќе биде приредена во ресторанот на Владата.