Вакцинација на Ромите во Куманово

Вакцинација на ромското население во четири кумановски села

Во четирите ромски населби во Куманово деновиве се врши вакцинација на населението од шест месеци до 40 годишна возраст.
Интензивно и секојдневно 11 тричлени медицински екипи работат на вакцинација од морбили, паратит и рубеола. Вакцинирањето ги опфаќа жителите од шест месеци до 40 годишна возраст. Екипите излегле на терен откако за само еден ден се појавиле пет случаи инфицирани од морбили или во народото познати како мали сипаници. Поголемиот дел од ромското население не примило вакцина, велат екипите кои од живеалиште во живеалиште вршат превенција од овие инфективни заболувања. Ромите пак се плашат од вакцината.
Лекарите велат дека секој кој нема документ дека е вакциниран би требало да прими вакцина.
Има повеќе невакцинирани отколку вакцинирани. Во населбите Средорек, Бавчи, Анѓа Ранковиќ и Стари Лозја населението е такво и не сакало да прима вакцини.

„Има повеќе невакцинирани отколку вакцинирани. Во населбите Средорек, Бавчи, Анѓа Ранковиќ и Стари Лозја населението е такво и не сакало да прима вакцини.“

Велат од медицинските екипи кои дневно вакцинираат по 150 до 200 лица.
Ромите кои на извесен начин се изненадени од појавата на медицинските екипи со недоверба во вакцините велат дека не им е јасно зошто се вакцините и зошто само ромското население.

„Две деца не примиле вакцини.“

Кога сте добиле покана сте ги вакцинирале?
Ако се разболиме повеќе, не знаеме зошто се вакцините. Се чувствувам целосно здрав, не ми е ништо. Не сме сигурни во вакцините


„Да. Нормално. Децата редовно се вакцинирани, а тие не ни објаснуваат зошто се тука, а децата пак немаат китки.“

„Ако се разболиме повеќе, не знаеме зошто се вакцините. Се чувствувам целосно здрав, не ми е ништо. Не сме сигурни во вакцините. “

Реагираат Ромите и се жалат на нехигиената во нивните населби. Насекаде се отпадоци и смет, од контејнерите лоцирани под прозорците на нивните мали куќи,на многу фреквентните улички се шири неподнослива миризба. Ромите велат дека децата постојано им се разболуваат од нехигиената:

„Не може од овој мирис. Бев кај градоначалникот, во инспекција и ништо.“

Акцијата за вакцинирањето на населението ќе трае се додека сите невакцинирани жители не примат вакцина, но за хигиената и самите жители од ови населби се неодговорни. И покрај тоа што речното корито на Кумановка е регулирано и веќе нема поплави, Ромите продолжуваат во реката да фрлаат отпад од игла до локомотива. Дел од отпадот водата го носи, но дел останува и во близина на нивните живеалишта. А за одбивање и недоверба во вакцините лекарите велат дека и покрај сите заложби ромската популација да се едуцира, тој процес оди бавно и тешко.