На 14-ти септември во Центарот за култура во Охрид е премиера на театарската претстава "Среќни денови" од Семјуел Бекет, во превод на Горан Стефаноски, режија на Градимир Гојер, со главните улоги на Охридските актери Јасмина Билаловиќ и Горан Стојаноски.
Оваа според драматурзите и режисерите тешка драма на најголемиот од најголемите автори на 20-тиот век, актуелен и денес, на Македонските театарски сцени се поставува четврти пат, во Охрид во копродукција на неколку институции, што ја носат претставата при немање на градски театар.
,,Што се однесува до претставата, сакам да укажам на три работи. Првата дека овој текст го имаат играно само големи актери во светот. Тој не е за просечни глумци, поради што им се поклонувам на Билаловиќ, што го носи овој проект и на Стојаноски, бидејќи направијаеден значаен чекор не само како професионалци во театарот, туку и како храбри луѓе со подвигот да се игра ова исклучително тешко дело што во своето основно сиже, ја носи невозможноста за движење."
Вели режисерот на претставата,гостинот од БиХ Гојер, според кого крајот на 20-тиот век со крвопролевањето донесе повеќе трагедии од наслутувањата на Бекет, поради што инвалидската количка според него е симбол на времето во кое живееме, што е доминантно во сценографијата на претставата.
,,Тоа е претстава или драматургија, што зборува за човештвото кое е изместено од својата состојба на хармонија, човештвото на 20-тиот и 21-виот век кое постојано е соочено и е на работ на некаква катаклизма, било да е таа хуманитарна, еколошка, или друга."
Вели актерката Билаловиќ, според која ова претстава е тест за зрелоста и професионалниот капацитетот на актерскиот тим на Охридскиот театар за чие формирање иницијатива има долги години, но сеуште недостасува слух на државата и општината, од кои се чека на средства за градот наречен центар на културата конечно да добие свој театар, кој замре пред пет децении.
,,Мислам дека конзумирањето на културата, вистинската култура е неопходен духовен лек, затоа што колку што можеме да видиме, се, буквално се кај нас се "естрадизира". Се се сведува на естрада. Извинете, но нашиот народ не треба да се става само во рамките на комерцијализмот. За народот треба да се грижиме, со вистински текстови и вистински театарски квалитет. Тогаш мислам дека општеството може да почне да заздравува. Во ова време-невреме, луѓето се во голема конфузија, а театарот е лек, што му е потребно на општеството, една од гранките која ќе треба да го држи здраво.,,
Вели Стојаноски, кој со уште десеттина актери и друг професионален театарски кадар со години работи на формирање на Охридскиот тетар.
,,На овој град му е потребен тетар. Вие имате репер, тоа е фестивалот Охридско Лето. Охриѓани, па и Македонија што секој викенд е тука присутна. Има потреба од тоа. Јас не знам зошто тоа не се препознава и зошто не се направи. Тоа не се толку крупни пари. Имате факултетски образовани луѓе, докажани на дело, не можам да сватам зошто да не се искористат."
Вели Благој Стефаноски од Новата Европска Театарска Акција, што работи на меѓународни театарски проекти. Според Стефаноски, Охрид како редок амбиентален град театар со многу сцени, треба да не се задоволи само со театарската програма на фестивалот Охридско лето. Градскиот театар во формирање, до Нова година на својот репертоар ќе ги прикаже уште "Граница","Валкани приказни","Верона Верона" и детската претстава "Авантура".
,,Што се однесува до претставата, сакам да укажам на три работи. Првата дека овој текст го имаат играно само големи актери во светот. Тој не е за просечни глумци, поради што им се поклонувам на Билаловиќ, што го носи овој проект и на Стојаноски, бидејќи направија
Мислам дека конзумирањето на културата, вистинската култура е неопходен духовен лек, затоа што колку што можеме да видиме, се, буквално се кај нас се "естрадизира". Се се сведува на естрада. Извинете, но нашиот народ не треба да се става само во рамките на комерцијализмот