На собраниската седница треба да се најдат измените на новиот Деловник, откако СДСМ најави негово прифаќање во интерес на државните интереси.
По одлуката на Социјалдемократскиот сојуз да се врати на координациите и да прифати гласање за Деловникот, која претходно беше изнесена во јавноста, очекувањата се на денешната седница на дневен редда бидат измените и дополнувањата на новиот правилник за работа на законодавниот дом и тие да се донесат со консензус. СДСМ соопшти дека ќе помогне за подобрување на политичкиот дијалог во државата за да се исполни барем оној услов за добивање позитивен извештај од Европската Комисија за кој може да допринесе опозицијата, повтори Андреј Петров:
,,Очигледно дека имаше многу забелешки од наша страна, не се прифатија и покрај тоа пак ќе го изгласаа. Во интерес на државните и националните интереси, нека го дадат на дневен ред ќе го изгласаме."
Одлуката за враќање на пратениците на СДСМ на собраниските координации и за изгласување на собранискиот Деловник, партијата од власта ја искористи да нагласат дека при носењето на Деловникот предвид биле земени барањата на опозицијата:
,,Се што беше барање на опозицијата беше земено во предвид, беше ставено како составен дел на Деловникот и фактички Деловникот е барање на опозицијата, со сите точки кои што се вметнати во него."
коментира Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. Пред седницата на Собранието не се знае каков ќе биде ставот на помалите партии кои не се опфатени со координациите, а на кои во изминатиов период се пеглаа разликите и се усогласуваше текстот.
Во ДУИ соопштија дека ќе го подржаат деловникот:
,,Нашиот став е јасен, ние ќе го поддржиме овој деловник, хармонизиран меѓу пратеничките групи."
изјави Тахир Хани. Во неколку наврати Нова Демократија беше партијата која излегуваше со свои барања во однос на Деловникот и тие може да бидат единствените кои нема да го поддржат новиот правилник:
,,Доколку тие наши предлози не се прифатат, тогаш и нема никаква логика ние да го поддржиме, односно да гласаме за Деловникот."
изјави Аријанит Хоџа. Се знае дека е потребен широк консензус за промените во Деловникот. Минатата година ВМРО-ДПМНЕ презема обврска до 4-ти декември да го донесе Деловникот, но тоа досега не се случи. Решение за деловникот е потребно бидејки тоа од нас го бара Брисел. Договор за измени на деловникот, кој беше донесен пред две години кога опозицијата го бојкотираше паралментот, беше постигнат на лидерската средба кон крајот на минатата година. Тоа досега не се случи што беше една од причините СДСМ да ги бојкотира координациите кај претседателот на Собранието.
Очигледно дека имаше многу забелешки од наша страна, не се прифатија и покрај тоа пак ќе го изгласаа. Во интерес на државните и националните интереси, нека го дадат на дневен ред ќе го изгласаме
,,Очигледно дека имаше многу забелешки од наша страна, не се прифатија и покрај тоа пак ќе го изгласаа. Во интерес на државните и националните интереси, нека го дадат на дневен ред ќе го изгласаме."
Одлуката за враќање на пратениците на СДСМ на собраниските координации и за изгласување на собранискиот Деловник, партијата од власта ја искористи да нагласат дека при носењето на Деловникот предвид биле земени барањата на опозицијата:
,,Се што беше барање на опозицијата беше земено во предвид, беше ставено како составен дел на Деловникот и фактички Деловникот е барање на опозицијата, со сите точки кои што се вметнати во него."
коментира Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. Пред седницата на Собранието не се знае каков ќе биде ставот на помалите партии кои не се опфатени со координациите, а на кои во изминатиов период се пеглаа разликите и се усогласуваше текстот.
Доколку тие наши предлози не се прифатат, тогаш и нема никаква логика ние да го поддржиме, односно да гласаме за Деловникот