Протести

Неделава најавени повеќе протести

Жешката есен на социо-економски план започнува? Своето незадоволство на улица го изразуваат лозарите, а протести најавува и Конфедерацијата на синдикални организации.
Протестите на лозарите од Тиквешијата како и најавите за протести на државниот празник Осми Септември покреваат најмалку две прашања: Зошто луѓето кои од народни пари добиваа помош за да произведуваат грозје јавно изразуваат незадоволство и дали тековните и најавените протести се знак дека популарно познатата „жешка есен на социо-економски план“ веќе започна?
И како ние ќе опстанеме. 70-80 тона грозје јас ќе однесам во подрум, тоа е една цистерна вино, да им ја дадеме на подрумарите тие да газдуваат, а ние да трпиме

,,Лани грозјето го земаа и воопшто не е исплатено."

,,И како ние ќе опстанеме. 70-80 тона грозје јас ќе однесам во подрум, тоа е една цистерна вино, да им ја дадеме на подрумарите тие да газдуваат, а ние да трпиме."

Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев ги објаснува причините за протестот:

Ефтим Шаклев
,,Тие се надеваат дека со изразување на незадоволството на ваков начин, дека ќе влијаат врз промена на одлуката и да ги добијат ланските цени што значи висококвалитетните сорти да имаат цена од 16 денари."

Одлуката на владата за повеќе субвенции е за поздравување, вели Шаклев, забележувајки дека останува да се одреди начинот на
Тие луѓе се доведени на работ на својата социјално-економска егзистенција, тие егзистираат од лозарството и доколку тој свој производ не успеат да го пласираат и да го наплатат, тие не стекнале услови да отпочнат нов производствен циклус
распределба на парите, се` со цел земјоделците да ги имаат најголемите придобивки:

,,Уште разговараме во Министерството и денеска ќе имаме состанок во Министерството со винарските подруми за да видиме на кој начин да се разделат овие средства за корисници да бидат лозарите, а не винарските подруми."

Може да се претпостави дека лозарите од мака одлучиле да ги остават нивите и да блокираат патишта, вели професорот Христо Карталов:

,,Тие луѓе се доведени на работ на својата социјално-економска егзистенција, тие егзистираат од лозарството и доколку тој свој производ не успеат да го пласираат и да го наплатат, тие не стекнале услови да отпочнат нов производствен циклус."

Од друга страна, есенва поскапеа енергенсите и се зголемија расдходите, што секако негативно би влијаело на оној сегмент од популацијата кој не е на повисоките општествени скалила, вели професорот Карталов и додава:

,,Значи не е исклучено дека во тој сегмент ќе имаме немири и незадоволства."

Инаку, освен земјоделците, протести на Денот на независноста најавија и од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Од овој синдикат велат состојбите не се добри во синдикатите во земјата и дека постои неедиство. Тие инсистираат да се пролонгира рокот за регистрација на куќни совети со цел Владата, како што велат, да не собира пари како казна од осиромашеното население.