Македонија која има распишано меѓународна потреница по Лирим Јакупи Нацист ќе побара негова екстрадиција штом добие официјална информација од Интерпол за тоа каде се наоѓа, велат во Министерството за правда. Скопје и Приштина немаат потпишано договор за екстрадиција. ,,Конкретно за Приштина, досега не постоело никаков проблем околу екстрадиција на лица кои сме ги барале. Таа досега се вршела без никакви компликации. Дали тие ќе го предадат тоа е нивна одлука,, изјави за МИА Мирјана Илиева портпарол на Министерството за правда. Македонските и косовските полициски сили се во постојан контакт откако вчера во Приштина беше уапсен Јакупи кој е осудуван за убиства, терористички напади и киднапирања во Косово, во Македонија и во Србија.