Цената на водата за домаќинствата во Битола е намалена за 20 отсто. Вака одлучи битолскиот Совет по предлог на јавното претпријатие Водовод.
Сепак, поевтинувањето се однесува само на водата за домаќинствата, додека за стопанството останува старата цена. Така наместо 30,25 денари за метар кубен граѓаните сега ќе плаќаат 24,25. Претпријатијата пак и понатаму ќе плаќаат по 45 денари. Ова за нецела година е втора корекција на цената на водата. Таа на стартот од годинава беше покачена за 117 проценти по барање на претпријатието со образложение дека е потребно да се инвестира во водоводниот систем. Сега локалната опозиција критикува дека ова е политичка одлука за замајување на јавноста.
„Откако осум месеци ВМРО-ДПМНЕ наплаќа вода поскапа од лани за 117 проценти, откако собра 1,5 милион евра повеќе отколку во 2009 година, откако градоначалникот изрази благодарност до граѓаните за разбирањето на тешката финансиска состојба на Водовод, сега власта сака да испадне херој најавувајќи дека ќе ја намали цената на водата“, критикува Валентин Груевски, советник од ЛДП.
Тој и со прашање кој ќе се офајди од досегашното поскапување.
„Каде ќе оди разликата во цената за овие осум месеци која изнесува околу 400 илјади евра? Нашиот предлог е да се в рати во џебот на граѓаните. Не се потребни вакви козметички намалувања на цената на водата, туку е потребно враќање на цената на старото ниво, односно цената која се плаќаше во 2009 година“, додава советникот Груевски.
Од Водовод објаснуваат дека се одлучиле за поефтинување заради тешката економска состојба на населението, а одредени инвестициите во водоводниот систем ги одложиле за подоцна.
„И ние како претпријатие, а нормално и како локална власт имаме осет за ситуацијата во цело наше опкружување, решивме да најдеме начин, да ја намалиме цената на водата. Не ги запоставуваме инвестициите, не се откажуваме од трошоците за развој комплетно, туку некои ги кои беа пшочнати ќе ги завршиме, а други кои беа планирани ќе ги одложиме за подобри времиња“, изјави директорот Зоран Илиоски.
Досега за водата во неколку наврати се водеа жестоки дискусии во Советот. Опозицијата предлагаше за двојното поскапување да се изјаснат граѓаните на референдум, а локалната власт која сега ја намали цената, тогаш гласаше против.
Откако осум месеци ВМРО-ДПМНЕ наплаќа вода поскапа од лани за 117 проценти, откако собра 1,5 милион евра повеќе отколку во 2009 година, откако градоначалникот изрази благодарност до граѓаните за разбирањето на тешката финансиска состојба на Водовод, сега власта сака да испадне херој најавувајќи дека ќе ја намали цената на водата.