Ѕуринда - Никогаш не сум рекол никогаш за Косово

Словачкиот министер за надворешни работи Микулаш Ѕуринда изјави денеска дека никогаш не рекол оти Словачка „никогаш нема да го признае независно Косово“, туку дека ќе ги земе предвид ставот и интересите на Белград и на Србија, објавија словачките медиуми.
Ѕуринда рече декa Западниот Балкан и земјите од поранешна Југославија се еден од главните приоритети на словачката надворешна политика.