Продолжува 117 седница на македонскиот парламент

Собранието на Македонија денеска со општа расправа по предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта ќе ја продолжи 117 седница. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој. По скратена постапка на дневен ред се ставени Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика.