Лех Валенска загуби пред слободата на новинарскиот израз

Поранешниот полски претседател Лех Валенса денеска го загуби случај против еден новинар, кој го обвини дека бил шпион комунистичката тајната полиција. Судот во Гдањск денеска пресуди дека обвинетиот, Криштоф Вискоњски го осжтварил правото на слободата на новинарот на изразување при неговите коментари за време на телевизиското емитување. Валенса е добитник на Нобеловата награда за мир и беше лидер на легендарната Солидарност.
Денешната пресуда се совпаѓа со 30-годишнината на историскиот договор меѓу комунистичките власти на Полска и штрајкувачите, предводена од Валенса на бродоградилиштето во Гдањск. Валенса изјави дека нема да присуствува на годишнината бидејќи Солидарност, кој тој ја основаше станала премногу политички обоена