Македонски стипендисти на словачките универзитети

Тринаесет студенти од Македонија добија стипендии да студираат на словачките универзитети. Амбасадорот на Словачка во Македонија Роберт Кирнаг рече дека од јануари годинава македонските граѓани можат да студираат во Словачка под исти услови како и Словаците, бесплатно на јавните универзитети. Стипендијата што ја добија македонските студенти им покрива една година престој за учење на словачкиот јазик и подготовка на приемни испити, а на дел од нив и студирањето.