Кумановци главно задоволни од културно-забавниот живот во градот.
Ако народот нема леб да јаде, дајте му слатки, музика, забава, па кој како ќе се снајде. Летото на заминување мошне успешно се спроведува и во Куманово. Музика од сите видови, најразлични бендови од домашната и сцената од соседните држави, мали театарски групи на мали сцени, за одредени групи граѓани, го одбележаа културно-забавниот живот на кумановци. Иако, немаат пари да плаќаат влезници или да си купат основни намирници за преживување, барем на градскиот плоштад на неколку часа речиси секоја вечер можеа да се забавуваат и да се отргнат од мислите за сиромаштијата. Музика, средби на старите пријатели и познаници, моментно задоволство и сеќавања на одамна заборавеното корзо. Скромни се кумановци кои на прашањето има ли културно-забавен живот и дали тие се задоволни, одговараат позитивно.
„Има, не е лошо. Се забавуваат младите. Нашата генерација кој каде, излегува со своето друштво. Убаво е на фестивалот на Тамбурашки оркестри има многу народ.“
„Ова и минатото лето има убаво организирана забава. Речиси секоја вечер има по нешто. Треба вакво нешто, треба повеќе и почесто“, велат средовечни кумановки.
Помладите кои преферираат забава на градскиот плоштад на кој влезниците не се плаќаат, а средбите со пријателите се одвиваат со пивото или соковите в раце.
„Најмногу ми се допаѓаат токму забавите на плоштадот. Ова овдека навистина е интересно цело лето.“
Меѓу повеќето помали и поголеми културни манифестации, Куманово успешно си го заврши и дводневниот Меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри, на кој задоволството на публиката кулминираше со песните на срспките музичари Легенде и Мерима Његомир. Затоа повозрасните кумановки се задоволни.
„Вакви настани најмногу ми се допаѓаат. Тамбурашки фестивал и Денови на комедијата. Куманово е исполнето со културно-забавен живот. За сите генерации. Имаше и детски фестивал на плоштадот.“
Културно-забавниот живот во Куманово го организира локалната самоуправа. Организаторот е задоволен, а уште повеќе припадниците на сдсмовската провиниенција, кои на секоја манифестација се во првите редови и најбројни. А кога монтажната сцена ќе се дислоцира, кога плоштадот ќе се измете и измие, мамурлакот ќе помине, еуфоријата ќе исчезне како меур од сапуница, суровата стварност ги враќа кумановци во секојдневието преоптоварено со сиромаштијата, невработеност и неизвесност за иднината, се до некоја следна забава.
Има, не е лошо. Се забавуваат младите. Нашата генерација кој каде, излегува со своето друштво. Убаво е на фестивалот на Тамбурашки оркестри има
многу народ.
„Има, не е лошо. Се забавуваат младите. Нашата генерација кој каде, излегува со своето друштво. Убаво е на фестивалот на Тамбурашки оркестри има многу народ.“
„Ова и минатото лето има убаво организирана забава. Речиси секоја вечер има по нешто. Треба вакво нешто, треба повеќе и почесто“, велат средовечни кумановки.
Помладите кои преферираат забава на градскиот плоштад на кој влезниците не се плаќаат, а средбите со пријателите се одвиваат со пивото или соковите в раце.
Најмногу ми се допаѓаат токму забавите на плоштадот. Ова овдека навистина е интересно
цело лето.