Киргистан гради голема хидроцентрала, Узбекистан стравува за водата

Киргистан почна со изградба на хидроцентрала вредна 200 милиони долари, прва по распадот на Советскиот Сојуз. Хидроцентралата Камбарата 2, која делумно е финансирана од Русија може да ја пренасочи водата што оди кон соседите на Киргистан. Узбекистан, на пример, го наводнува земјоделското земјиште со водата од реки што извираат или течат низ Киргистан и Таџикистан и затоа се противи на плановите за изградба на големи хидроенергетски објекти во овие две земји.