Во Охрид светски собир на сеизмолози

Во Охрид денеска ќе почне 14 Меѓународна конференција од областа на земјотресното инженерство на која ќе учествуваат над две илјади научници и сеизмолози од целиот свет. Се оценува дека овој собир на кој ќе се расправа за состојбата на земјотресното инженерство, е еден од најголемите научни настани што се случиле во Македонија. Последната конференција се одржа пред четири години во Женева, а за следната конкурираат Истанбул и Виена.