Завршена заложничката драма во Пакистан

Пакистанските безбедносни сили упаднаа во воената зграда во Пешавар и ги ослободија двајцата заложници кои беа држени од двајца исламистички милитанти. Полицијата соопшти дека милитантите се предале и оти во операцијата нема жртви.
Заложничката драма започна кога исламски милитанти, кои биле во затвор, совладале двајца од стражарите за време на испитувањето.