Груевски: Македонија да не се гледа само преку името

Македонија не смее да се гледа само преку призмата на проблемот за името, рече премиерот Никола Груевски по неформалниот прием што го организира австрискиот канцелар Вернер Фајман за лидерите од регионот.

„Тоа е држава со два милиони луѓе, со свои проблеми и предности и ние правиме максимум да го решиме тој проблем. Не смее земјата да се гледа само преку таа призма - ако го реши е во ред, ако не го реши не е во ред. Има многу други позитивни работи кои што треба да бидат наградени и валоризирани“, рече Груевски.