МВР соопшти дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот со починатиот српски турист Дејан. Н. (1976), кој изутрината околу три часот беше пренесен во оридската болница.
Според досегашните оперативни сознанија, заради банални причини, внатре во ноќниот клуб „Хавана“.најпрвин настанала тепачка меѓу неколкумина српски државјани, која продолжила и надвор од клубот. На разговор во СВР Охрид се повикани 30-тина лица, а со наредба на истражен судија се подигнати и одземени компјутерите од локалот за проверка на евентуални записи од безбедносните видео-камери. Телото на починатиот е предадено на обдукција, но засега нема потврда за причините поради кои настанала смртта. СВР Охрид трага по еден српски државјанин кој учествувал во тепачката со сега починатиот, но и по уште неколку лица, македонски државјани, за кои постојат индиции дека биле инволвирани