Интегрирањето на Македонија во ЕУ, клуч за остварување на правата на македонското малцинство во соседните земји.
Македонското малцинство во соседна Грција со интегрирањето на Македонија во Европската унија ќе има можност да добие свој пратеник во Европскиот парламент, како што е случајот и во некои други земји кои на ваков начин успеваат да им помогнат на нивните граѓани кои живеат надвор од границите на родното место, ова го изјави Павле Филипов од Виножито, единствената политичката партија на Македонците во нашиот јужен сосед, во интервју за Радио Слободна Европа.
,,Гледаме дека на пример, каталонците од Шпанија им помогнале на каталонците во Франција така што на европските избори учествуваа во листа, имаат право во ЕУ да учествуваат на листи во разни земји членки на ЕУ и имале успех каталонците во Франција преку браќата каталонци во Шпанија да ги претставуваат во Европскиот Парламент. Слично може во иднина да се направи кога Република Македонија ќе стане земја членка на ЕУ."
Поранешниот шеф на македонската дипломатија Слободан Чашуле вели дека влезот на земјава во европското семејство ќе значи дека нашите претставници ќе имаат легитимитет да се борат и да вршат притисок за остварување на правата на македонските малцинства, а уште поголемо ќе биде влијанието заедно со нивен претставник во Европскиот Парламент.
,,Ќе може сериозно да влијае врз, прво дефицитот на етнички малцински граѓански права во Бугарија, Грција и Албанија и второ, ќе може да ја рекофирмира македонската култура, јазик и нација. Значи ние имаме вонредно голем интерес за тоа да се случи."
За професорот и исто така поранешен министер за надворешна политика Денко Малески припадниците на македонското малцинство без оглед на фактот дека тие може да бидат попречувани и оспорувани од државните институци во земјата тие имаат право да ги користат сите демократски инструменти и треба сами да се изборат за своите национални и политички права.
,,За нив би било добро и Македонија да е членка на ЕУ меѓутоа не би било дозволено мешање во внатрешните работи на соседните држави, преку инструментализација на малцинствата за да се подрие стабилноста и поредокот на тие земји, нешто што ние не би сакале да го прават со македонските Албанци, нашите соседи Албанија и Косово, и според тоа тука треба да се почитува еден фер плеј."
Европскиот парламент се смета за една од најмоќните законодавни тела во светот. Составен е од 736 пратеници кои се претставници на најголемите европски политички партии, како и на најважните политички партии во земјата членка.

Ќе може сериозно да влијае врз, прво дефицитот на етнички малцински граѓански права во Бугарија, Грција и Албанија и второ, ќе може да ја рекофирмира македонската култура, јазик и нација. Значи ние имаме вонредно голем интерес за тоа да се случи