Министерство за финансии со реакција до Антикорупциска

Од Министерството за финансии реагираат на тврдењата на државната Антикорупциска дека им е намален буџетот, и соопштуваат дека со овогодинешниот ребаланс на буџетот и се доделени 40 проценти повеќе средства за работата во споредба со 2006-та. Според Министерството во последните четири години во просек буџетот на Државната комисија за спречување на корупцијата е зголемен за 65 проценти. Од таму велат дека тоа ја покажува посветеноста на Владата во борбата против корупцијата.