Куманово град на печалбарите, стечајците, невработените, раселените... секој живее според можностите.
Во Куманово, градот на печалбарите, стечајците, технолошки и економски вишок, на невработените секој си го уредува својот живот дел според желбите, а поголемиот дел според можностите. Раздвиженоста на луѓето по централните градски пешачки зони и двата плоштада навестува дека летото се движи кон својот крај. Граѓаните сакале или не подзастануваат пред излозите на дуќаните кои помпезно објавуваат намалени цени на најразновидни производи. Кумановци кои имаат деца првин нив ги обезбедуваат со најпотребните работи, а за друго колку ќе остане. На заминување дома ги пребројуваат остатоците во паричниците и констатираат дека потрошиле повеќе од планираното или од заработеното. И не ретко се слуша дека сиромав човек е жив ѓавол.
Како се живее во Куманово?
„Во Куманово во последно време има капитал. Луѓето донесоа пари од Блискиот Исток, а за останатите невработеноста е голема. Луѓето во најголем дел работат за 10 илјади денари, со тие пари не се излегува на крај.“
„Многу тешко, вработувањето ми е проблем.“
„Кој како. Со пензија само за сметки и за лекарства.“
„Добро е. Пензионерски. Ние средно. Сами ги трошиме пензиите.“
Но и:
„Со две илјади денари социјална помош, купувам пиперки и патлиџани, леб, нема веќе, сметки...“
Куманово е и град на внатрешно раселените лица кои иако деветта година не стапнале во нивното село Матејче се претставуваат дека се од таму и:
„Добро е. Ние сме раселени од Матејче ако сте слушнале. Оди некако. Добивме обесштетување.“
Младите, студентите, средношколците се снаоѓаат секој на свој начин. За нив најважна е забавата, ноќниот живот:
„Студирам. Ноќен живот во никој случај. Слободното време го минувам дома, шетам во природа, надвор од Куманово-пешачење.“
„Ноќен живот има, јас сум средношколка и треба сам да си го направиш.“
И покрај тоа што кумановци не можат да се пофалат со висок животен стандард речиси да нема кафуле во кое има многу слободни места. Во нив кумановци од сите возрасти се среќаваат, заседнуваат на разговори. Ако немаат пари за кафеани сепак тие се снаоѓаат за кафе или чај. Најчесто самите си велат дека животот минува, а парите никогаш не се доволно или најчесто ги нема.
Во Куманово во последно време има капитал. Луѓето донесоа пари од Блискиот Исток, а за останатите невработеноста е голема. Луѓето во најголем дел работат за 10 илјади денари, со тие пари не се излегува на крај
Како се живее во Куманово?
„Во Куманово во последно време има капитал. Луѓето донесоа пари од Блискиот Исток, а за останатите невработеноста е голема. Луѓето во најголем дел работат за 10 илјади денари, со тие пари не се излегува на крај.“
„Многу тешко, вработувањето ми е проблем.“
„Кој како. Со пензија само за сметки и за лекарства.“
„Добро е. Пензионерски. Ние средно. Сами ги трошиме пензиите.“
Добро е. Ние сме раселени од Матејче ако сте слушнале. Оди некако. Добивме обесштетување