Франција започна истрага за повредените војници во Авганистан

Француските власти започнаа истрага за тројца нивни војници кои беа повредени во Авганистан, која треба да покаже дали тие биле жртви на пријателски оган во инцидентот кој се случи во понеделникот. Инцидентот не е поврзан со убиството на двајца француски војници во истиот ден и во истата област во северен Кабул. Бројката на загинати француски војници во Авганистан се искачи на 47.