Хјуман Рајтс Воч во одбрана на жените од Чеченија

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч побара од Русија да престане да ги принудува жените во Чеченија да бидат облечени според исламскиот дрес код. Тие соопштија дека добиле низа на поплаки дека жените во Грозни кои носеле послободна облека биле малтретирани. Чеченските власти претходно им забранија на жените кои несакаат да носат шамии на лицето да работат во јавниот сектор.