Папандреу најави нов модел на управување во Грција

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во статијата, објавена на сајтот на Владата најави промени во моделот на управување на Грција.
Според Папандреу потребни се радикални институцинални промени оти само на тој начин земјата ќе можела да се развива и да напредува.
Во рамки на структурните промени се очекува да биде создадено „суперминистерство“, кое ќе ги координира активностите на министерскиот совет.