Во Македонија минатата година 32, 2 проценти од населението било невработено, покажуваат податоците на Евростат. Според европската агенција за статистика лошо е тоа што во земјата половина од младите се невработени и безуспешно се обидуваат да најдат работа. Податоците на Евростат за првото тромесечие од годинава покажуваат дека стапката на невработеност расте и сега има 33, 6 проценти невработени. Експертите не се оптимисти дека Македонија ќе најде лек за невработеноста.