Во напади во Пакистан убиени 21 човек

Најмалку 21 човек загинаа денеска во Пакистан во одвоени напади. Меѓу загинатите е и еден поранешен член на пакистанскиот парламент. Во експлозија во џамија во Јужен Вазиристан загинаа 16 луѓе, а повредни се 30. Властите се сомневаат дека цел на нападот бил поранениот пратеник Маулви Ноир Мухамед. Претходно во експлозија во училиште, каде што се одржувал состанок на старци од градот Курам, загинаа пет луѓе, а повредени се 10. Според пакистанките медиуми, нападите се случиле во области каде има конфликт меѓу муслиманите сунити и шиити.