Австралија не избра мнозинска влада

Австралија ќе има прва малцинска влада во последниве децении откако гласачите не им дадоа на никој од главните ривали доволен брај на гласови за да имаат владејачко мнозинство. Австралиската изборна комисија денеска соопшти дека централно-левичарската Работничка Партија и коалицијата предводена од конзервативната Либералната партија освоија по 71 место во парламентот, а за да имаат мнозинство требаше да освојат 78 места.Лидерот на Либералната партија Тони Абот изјави дека веднаш ќе започне преговори со независните кандидати да формира влада и да ја замени премиерката Јулија Гилард. Таа пак изјави дека е подготвена да се бори да формира нова влада. Вчерашните избори се одржаа на само два месеци откако Гилард ја презеде функцијата од Кевин Руд и стана прва жена премиер на Австралија. Аналитичарите велат дека надворешната политика на партиите , меѓу кои и учеството на австралиски војници во Авганситан, ќе одлучи која партија ќе ја преземе власта на крајот.