Џоли разговарала со властите во БиХ

Американската актерка и амбасадот на УНХЦР Анџелина Џоли денеска во Сараево разговараше со преседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Харис Силајџиќ и со членот на претседателството Жељко Комшиќ. Тие разговарале за враќањето на бегалците. Соговорниците се сложиле дека едукацијата е иднината за новите генераци во БиХ. Џоли вчера допатува во Сараево со две од своите деца и со 10 телохранители.