МОН:ревизија на сите одобрени учебници

Ревизија на сите одобрени учебници кои моментално се употребуваат, ваква одлука донесе министерот за образование и наука, Никола Тодоров по вчерашниот вонреден состанок со Националната комисија за учебници, Педагошката служба и Бирото за развој на образованието. Тој информираше дека ревизијата на сите учебници ќе биде направена во рок од 30 дена по формирањето на тимовите за ревизија. Ревизорските тимови ќе се формираат следната недела. На состанокот било договорено да се направи и јазична лектура на сите учебници од страна на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, исто така во рок од 30 дена. Ваквите мерки следуваат по бурните реакции во јавноста за учебникот по „Општество“ во кој беа откриени многу грешки.