Сите информации за волонтирање и вработување на младите во Прилеп на едно место, во центарот „Инфо сега“
Во Прилеп започна со работа првиот младински информативен центар „Инфо сега„ кој е сервис за информации за сите младинци. Целта на центарот е да се стават на располагање сите информации за волонтирање и вработување на младите, за ИВС програмата, за аплицирање за стипендии во Македонија и странство, за размена на студенти, како и вклученост во образовните, културни и сите други општествени случувања во Прилеп, кои ќе придонесат младиот човек да стане сестрана личност, која ќе ги наоѓа патиштата за задоволување на сите свои потреби.
Втората цел на Центарот е едукација на младите и нивна вклученост во програмата за заштита од сите пороци на современиот живот.Значи во просториите на Центарот што се наоѓаат веднаш зад општинската зграда сите млади луѓе може да добијат сознанија какви се опасности ги демне современиот живот, и како тие можат најсоодветно да се заштитат од болестите на зависност, а сепак да уживаат во својата младост.
„Едукации во полето на младинското информирање, едукации во полето на граѓанското образование,се она што се подразбира под неформално образование...проектен циклус, младинско вработување, пишување интервју, мотивационо писмо, пишување на СВ, имаме едукации и во полето на здравството и едукацијата, програми за заштита од сида, хив и сите оние преносливи болести“
вели Игор Ламбески, менаџерот на првиот Инфо центар во Македонија, кој што е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, прилепската Општина и коалицијата „Сега“.
Младите паралелно овде може да добијат стручен совет, за секој проблем во нивиот живот.Тие веќе доаѓаат, бараат решение за своите проблеми,но со целосна дискреција.
„Од проблемите кои што ги погодуваат младите, можам да кажам дека најголем акцент се уште се сиромаштијата и невработеноста кај младите, најважно е да се каже тоа дека советувањето се одвива во анонимна атмосфера која што гарантира дискретност. „Инфо-сега„ ги повикува младите кои имаат проблеми слободно да се обратат, се со една цел младите од Општина Прилеп да изградат подобра иднина и поздрава средина,“
вели Мариче Тренеска, социјален работник во Инфо-центарот. Младите може да доаѓаат секој ден од 9,00 до 16 часот и 30 минути. Освен тоа може да ги следат сите курсеви и обуки.Се планира со поддршка на бизнис заедницата, тие да добијат и картички со попуст од 20 или 30% за одредени стоки и услуги.Овој младински центар е единствен во државата кој што работи според современите стандарди и принципи на европската агенција за информирање на младите ЕРИКА.
„Било каде младите да се обратат, дали во Брисел, дали во Лондон или во Франција, секаде каде што функционираат центрите или пак во Прилеп ќе ги добијат истите: ниво, квалитет и истите пакет на услуги,“
потенцира Ламбески. За почеток се организирани неколку активности. Одржани се на терен 5 инфо денови, под мотото „Денови на младинско информирање„ реализирани се средби со раководствата на подмладоците на политичките партии, со невладиниот сектор и со раководители на институции кои работат на полето на младите, но и со образовните институции во градот. Во иднина се планира да се отворат вакви центри во Скопје, Охрид, Битола и дру ги градови.

Едукации во полето на младинското информирање, едукации во полето на граѓанското образование,се она што се подразбира под неформално образование...проектен циклус, младинско вработување, пишување интервју, мотивационо писмо, пишување на СВ, имаме едукации и во полето на здравството и едукацијата, програми за заштита од сида, хив и сите оние преносливи болести