Нови демонстрации и тензии во Ош

Над 2.000 демонстранти се собраа и денеска во јужниот киргистански град Ош во знак на подршка на градоначалникот Мелис Мурзакматов, за кого се шират гласини дека ќе биде сменет поради критиките против владата во Бишкек. Министерот за труд Аигул Рускулова се обиде да ги смири демонстрантите, но беше нападната и принудена да си замине. Некои од демонстрантите бараат и оставка на привремената лидерка Роза Отунбаева. Инаку, градоначалникот на Ош беше близок со соборениот претседател Курманбек Бакиев.