Можни нови тензии меѓу Велика Британија и Либија

Велика Британија ја предупреди Либија дека одбележувањето на годишнината од ослободувањето на бомбашот во случајот Локерби, ќе ги наруши односите меѓу двете земји. Абделбасет Ал Меграи беше единствениот осуден за експлозијата во авионот на Пан Ам, кој се урна над шкотскиот град Локерби во 1988-ма година, при што загинаа 270 луѓе. Шкотската влада, пред една година го ослободи Меграи, бидејки беше заболен од рак и му се прогнозираа уште неколку месеци живот, но тој сеуште е жив и во Триполи е третиран како херој.