Либански брод ќе исплови со помош за Газа

Либански брод со хуманитарни активисти и со помош за Палестинците во појасот Газа в недела ќе исплови од Либан и покрај најавите на Кипар дека нема да дозволи минување низ неговите води, соопштија организаторите. Бродот не може да плови директно за Газа, бидејќи Либан формално се уште е во војна со Израел, па ќе мора да мине низ води на трета земја, во случајот Кипар. Кипарскиот амбасадор во Либан изјави дека бродот ќе биде вратен кога ќе дојде до територијалните води на таа земја. Израелската војска соопшти дека ќе ја надгледува ситуацијата и соодветно ќе се подготви, но не наведе дали ќе го пресретне бродот.