Времето денеска сончево и топло

Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардаирето. Утринската температура се движи од 13 до 22, а дневната ќе биде од 30 до 38 степени.
Во Скопје и околината слично време. Утринската температура се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 35 степени.