Иранските бегалци во Атина штрајкуваат со глад

Иранските бегалци во Атина денеска штрајкуваат со глад и бараат од грчките власти да им се процесуираат барањата за одобрување азил, што им се одлага веќе 9 години. За борците за човекови права, протестот на иранците ја отсликува неажурноста на грчкиот систем за одобрување азил за бегалци. Во Грција годишно се прифаќаат само 0,4 проценти од барањата за азил.