„Западен нил“ однесе уште три жртви во Грција

Тројца луѓе заразени со вирусот Западен Нил, починале во Грција, соопшти Центарот за контрoла и превенција на болести. Со тоа вкупниот број на жртви во Грција се зголеми на седум луѓе. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 13 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на заразени во државата достигна 77, соопшти Центарот.