Истрага против Карла дел Понте

Против поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте ќе се води истрага поради тврдењата дека им се заканувала на сведоци и незаконски прибирала докази, пишува денеска британскиот весник Гардијан. Хашкиот трибунал вчера нареди независна истрага за тврдењата дека некои обвинители им се заканувале на сведоците кои се дел од постапката против Воислав Шешељ.