Последната американска борбена бригада го напушти Ирак како дел од ветувањето на претседателот Обама да стави крај на борбените операции во земјата
Армискиот капетан Кристофер Опхард, портпарол на Четвртата ударна бригада од Втората Пешадиска дивизија соопшти дека последните возила денеска изутрината ја минале границата меѓу Ирак и Кувајт.
Тоа во голема мера беше симболично заминување, бидејќи директно беше пренесувано на телевизијата.
Имено, некои американски борбени трупи се уште остануваат во Ирак.
Пентагон соопшти дека официјалниот крај на операцијата Слобода за Ирак и натаму е предвиден за крајот на месецов.
Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули вели дека американското учеството во Ирак е далеку од завршено, но оти сега тоа ќе биде помалку нападно, односно ќе биде пофокусирано врз цивилни задачи.
Во Ирак се уште има 56 илјади американски војници, а од 1 септември ќе останат 50 илјади кои технички се класифицираат како бригади за совети и за помош.
Пентагон вели дека некои војници ќе ги придружуваат ирачките патроли на нивните мисии, ако е тоа потребно, а некои ќе продолжат да ги обучуваат ирачките вооружени сили и полициски единици.
Ќе останат и специјалните сили кои ќе продолжат да им помагаат на ирачаните во пронаоѓање на терористите.
Преостанатите американски војници се подготвуваат да го напуштат Ирак кон крајот на декември идната година.
Минаа повеќе од седум години од почетокот на инвазијата предводена од Соединетите држави, во март 2003, а со која беше соборен ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Официјалната бројка на американските жртви во Ирак досега изнесува 4.419 војници.
Во исто тоа време, според податоци на невладините организации, во Ирак од насилна смрт загинале околу 100 илјади цивили.
Војната во Ирак траеше подолго од американската Граѓанска војна и од двете светски војни.
Досегашниот американскиот амбасадор Кристофер Хил, кој е заменет од неговиот наслединик Џејмс Џефри, изјави дека 16 те месеци во Багдад го убедиле оти работите дефинитивно одат во вистинска насока.
,,Безбедносната ситуација, која е многу тешка и која никогаш нема да биде на сосема задоволително ниво, ќе продолжи да се подобрува. Ирачките сили се способни за справување со безбедносните проблеми. Ќе грешат. И ние правевме грешки, но се справуваме со нив. И тие ќе учат од нивните грешки како и ние и мислам дека ќе видиме натамошно подобрување на безбедносната ситуација.
Изјави Хил. Но, во истовреме, како што јавуваат агенциите, петмина вработени во ирачката влада биле убиени во бомби, поставени од бунтовниците.
Ден претходно, бомбаш самоубиец во Багдад уби шеесетина армиски регрути.
Конечно, ни пет месеци по изборите, двата главни политички блока се уште не можат да формираат владина коалиција.
Насилството и политичкиот хаос остануваат најсилен потсетник за неизвесната ситуација што американските сили ќе ја остават зад себе во Ирак.

Ирачките сили се способни за справување со безбедносните проблеми. Ќе грешат. И ние правевме грешки, но се справуваме со нив. И тие ќе учат од нивните грешки како и ние и мислам дека ќе видиме натамошно подобрување на безбедносната ситуација.
Во Ирак се уште има 56 илјади американски војници, а од 1 септември ќе останат 50 илјади кои технички се класифицираат како бригади за совети и за помош.
Пентагон вели дека некои војници ќе ги придружуваат ирачките патроли на нивните мисии, ако е тоа потребно, а некои ќе продолжат да ги обучуваат ирачките вооружени сили и полициски единици.
Ќе останат и специјалните сили кои ќе продолжат да им помагаат на ирачаните во пронаоѓање на терористите.
Преостанатите американски војници се подготвуваат да го напуштат Ирак кон крајот на декември идната година.
Минаа повеќе од седум години од почетокот на инвазијата предводена од Соединетите држави, во март 2003, а со која беше соборен ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Официјалната бројка на американските жртви во Ирак досега изнесува 4.419 војници.
Во исто тоа време, според податоци на невладините организации, во Ирак од насилна смрт загинале околу 100 илјади цивили.
Војната во Ирак траеше подолго од американската Граѓанска војна и од двете светски војни.
Досегашниот американскиот амбасадор Кристофер Хил, кој е заменет од неговиот наслединик Џејмс Џефри, изјави дека 16 те месеци во Багдад го убедиле оти работите дефинитивно одат во вистинска насока.
,,Безбедносната ситуација, која е многу тешка и која никогаш нема да биде на сосема задоволително ниво, ќе продолжи да се подобрува. Ирачките сили се способни за справување со безбедносните проблеми. Ќе грешат. И ние правевме грешки, но се справуваме со нив. И тие ќе учат од нивните грешки како и ние и мислам дека ќе видиме натамошно подобрување на безбедносната ситуација.
Изјави Хил. Но, во истовреме, како што јавуваат агенциите, петмина вработени во ирачката влада биле убиени во бомби, поставени од бунтовниците.
Ден претходно, бомбаш самоубиец во Багдад уби шеесетина армиски регрути.
Конечно, ни пет месеци по изборите, двата главни политички блока се уште не можат да формираат владина коалиција.
Насилството и политичкиот хаос остануваат најсилен потсетник за неизвесната ситуација што американските сили ќе ја остават зад себе во Ирак.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5