Поскапува храната во Русија

Цените на храната во Русија, особено на лебот пораснаа, како ефект од сушите кои ја погодија земјата. Сушата и пожарите уништија речиси 25 проценти од приносите на жито во земјата, по што Русија воведе и забрана за извоз на жито. Цената на брашното, на лебот, на шеќерот се зголемени и за неколку процети во текот на изминатата недела.