Белата куќа соопшти дека самоубиствениот напад пред регрутен центар на ирачката војска во Багдад, во кој вчера загинаа 58 лица, нема да ја запре транзицијата на Ирак во демократија, како ни планираното повлекување на американските сили. Американскиот заменик секретар за печат Бил Бартон изјави дека двете работи се цврсто на својот пат. Според аналитичарите, нападите се зачестени во последно време, особено во Багдад, пред најавеното повлекување на војската на САД, но и поради политичката криза во која западна земјата, бидејќи и пет месеци по парламентарните избори, не е формирана нова влада. Планирано е поголемиот дел од американските војници да се повлечат од Ирак до крајот на месецов, по што таму ќе останат околу 50 илјади, а грижата за безбедноста ќе им ја препуштат на ирачките сили.