Ајкула ги растера капачите од Азурниот брег

Капењето во морето кај францускиот град Ница, на Азурниот брег, денеска беше забрането, откако била забележана ајкула. Станува збор за исклучително ретка појава за овој дел од Средоземното море. Ајкулата била долга 2 метри. Откако била забележана ајкулата властите во општината Кањ сир мер превентивно издале забрана за капење.