Регионален безбедносен самит во Русија

Претседателите на Пакистан, Авганистан и Таџикистан во среда на 18-ти август ќе учестуваат на регионалниот безбедносен самит кој ќе се одржи во Русија . Од Кабинетот на Карзаи соопштуват дека претседателот ќе има билатерални разговори за регионални и економски прашања, со претседателите на Русија и на Пакистан. Самитот ќе се одржи во Сочи.